ЗА НАС
Prestige Home е групација од три компании Делукс Ауто Дооел, Хромак Емил Дооел и INT Group. Со работа започнуваме во 2013 година. Нашата мисија е да создадеме производ кој што на пазарот ќе се пласира неколку скалила над моменталната понуда. Обезбедување на сигурни, квалитетни, економични и функционални објекти е нашата визија за вашиот дом. Затоа во своето работење ги применуваме стандардите за квалитет, за заштита на животната средина и најновите европски стандарди и иновации за современо домување.
НАШАТА ГРУПАЦИЈА

Т.Д. Хромак е семејна компанија која се занимава со трговија на големо со бои и лакови.

Далечната 1988 година започнавме со еден малопродажен објект во Куманово. Препознавајќи ја зголемената побарувачка на пазарот за бои и лакови, во 2001 година нашата компанија започнува со трговија на големо. Од неодамна сме присутни со дистрибутивен центар во Скопје, Визбегово.

Располагаме со најголем асортиман на бои и лакови како и материјали за завршни работи во градежништво.

Делукс Ауто Куманово е овластен дистрибутер на возилата од гамата на SKODA, VOLKSWAGEN, VOLKSWAGEN комерцијални возила и SEAT.

Со повеќе од 15 години искуство во автомобилската индустрија, нашиот тим од стручни професионалци е посветен на тоа да обезбеди одлична поддршка и задоволство на клиентите, како и широк спектар на услуги, вклучувајќи продажба, сервисирање и резервни делови.

Покрај нашиот основен бизнис во авто индустријата, се проширивме во различни сектори, вклучувајќи производство на електрична енергија и недвижности.

Повеќе од една деценија работиме активно на полето на недвижности, со фокус да понудиме безбедно, квалитетно, функционално и уникатно домување, комплетно прилагодено на потребите на нашите клиенти.

ИНТ е компанија која се занимава со посредништво во производство на облека, лоцирана во Кочани , Северна Македонија.

Со над 90 вработени и преку 25 годишно искуство, успеавме да се етаблираме како едно од најдобрите претпријатија во регионот, обезбедувајќи им производи со врвен квалитет на нашите клиенти. Во текот на нашите 25 години работење, ние постојано се развиваме, правејќи истражувања на пазарот, што не претвори во силна организација која нуди одржливи решенија за нашите клиенти.

Покрај нашиот основен бизнис со текстил, се проширивме во различни сектори, вклучувајќи финансии, производство на струја, угостителство и недвижности. Овие стратешки инвестиции не само што го продолжуваат животниот век на нашата компанија, туки и ни овозможуваат да придонесеме за раст и одржливост во овие индустрии.